Македонски Железници испратија вода за загрозените во Србија

Македонски Железници Транспорт АД Скопје, ќе испрати  два контејнери вода за пиење за загрозените граѓани од поплавите во Србија кои во текот на денешниот ден со воз ќе бидат предадени на Српските Железници.

- Со овој мал гест Македонски Железници Транспорт АД Скопје сака да упати апел до сите компании во Република Македонија доколку се во можност на било кој начин да ја покажат својата хуманост и да помогнат во овие тешки моменти на нашиот северен сосед, информираат од МЖ Транспорт, стои во соопштението.

19.05.2014 - 14:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега