3.461 валиден коментар до МОН за екстерното тестирање

До крајниот рок за забелешки на прашањата за екстерно тестирање (16 мај до 21 часот) до Министерството за образование и наука стигнале 3.461 валиден коментар. За ова денеска информираше министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

- Најголем дел од коментарите се однесувааат на потребата од појасно поставување определено прашање  или поправилно преведување на прашањето, посебно кај проблемските задачи по математика, но има и за појаснувања на прашања по англиски јазик и по историја. Генерално, ако земеме предвид дека на приближно половина милион прашања имаме 3.461 коментар, тоа  е многу мал процент. Сите валидни коментари ќе ги земеме предвид и ќе ги коригираме. Најголем предизвик беше процесот да биде максимално транспарентен и мислам дека излеговме во пресрет на учениците, рече Ристовски.

 

19.05.2014 - 15:12
Фото: 
либертас
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа