„ Среќно семејство“ - нова наградна игра на ЕВН Македонија

Корисници кои редовно и во рок ги плаќаат своите сметки за електрична енергија ќе имаат можност да бидат учесници во новото наградно шоу „Среќно семејство”.

 Секој втор понеделник, пред централниот дневник на националната телевизија Алфа, ќе се емитува наградна игра во која сите се добитници. Низ четири забавни игри, три среќни семејства ќе се натпреваруваат за парични награди од 1.000, 500 и 300 евра. Извлекувањето на учесниците е по случаен избор, преку компјутерски систем.

 

 Игрите се едноставни, возбудливи и интересни за сите генерации. Секое семејство што ќе учествува може лесно и низ смеа да ги заврши. „Среќно семејство“ е шоу какво што одамна немало на македонските медиуми и е вистинска можност гледачите да се потсетат на некои игри што се „класици”, но и нови изненадувања.

 

 Во ова прво издание на „Среќно семејство“ тимовите ќе се натпреваруваат за награден фонд кој ќе биде дониран во хуманитарни цели. Семејставата на познати личности ќе игра за интернатот Гoце Делчевод с. Љубанци, за Заводот за рехабилитација на деца и младинци –Скопје и за Здружение на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром Во мојот свет - Скопје.

 ЕВН Македонија постојано ја вреднува довербата на своите корисници. Веќе традиционално организира наградни игри за редовните плаќачи. Во изминатиот период, воведени се низа услуги со кои на корисниците им се олеснуваат плаќањето на сметките. Сега корисниците можат да ги добијат сметките по електронска пошта, да ги плаќаат онлајн, состојбата на сметката да ја проверуваат преку говорен апарат. Сметките можат да ги плаќаат без провизија во било која банка, пошта и наплатен пункт на ЕВН Македонија.

 

 „Среќно семејство“ започнува на 19.05.2014 година. Ќе се емитува на ТВ Алфа секој втор понеделник во 19:15 часот веднаш по завршувањето на централниот дневник. Истиот ден емисијата ќе се емитува и на ТВ Алсат во 22:15 часот на албански јазик. Репризните изданија на наградната игра на двете телевизии ќе се емитуваат за време на викендот.

 

 Секое семејство е потенцијален учесник. Се’ што треба да направите е да ја платите сметката за електрична енергија и да очекувате да бидете извлечени.

 

19.05.2014 - 15:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа