Груевски доби мандат да формира нова Влада

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска му го врачи мандатот за формирање Влада на Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, која освои најмногу пратенички места на неодамна одржаните вонредни парламентарни избори.

Според Уставот, мандатарот од партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, треба да биде избрана во Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, најдоцна на 16 јуни 2014 година.

19.05.2014 - 16:03
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега