Тензично во Ѓорче: Со автомобил од Сарај се обидел да влета во толпата

Спречен нов инцидент во скопско Ѓорче Петров. Како што јавува Република, повикувајќи се на очевидци, маж кој доаѓал со автомобил во правецот од Сарај се обидел насилно да влезе во толпата луѓе кои револтирани од убиството се собираат во се поголем број во скопско Ѓорче. За среќа полицијата го спречила во обидот.
Нашиот репотер јавува дека на местото на убиството се наоѓаат голем број луѓе но засилено е присуството и на полицијата а на терен се и специјалните единици.
Press24 веќе објави дека полицијата има уапсено едно лице.

19.05.2014 - 20:12
Фото: 
Република
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега