Војник од Франција нападнат со пила во Париз

После суровото убиство на британски војник на улица во Лондон, вчера еден војник е нападнат со пила во Париз.

Францускиот министер за одбрана Жан Ив ле Дријан синоќа рече дека припадникот на оружените сили бил цел на нападот бидејќи е војник.

- Се обиделе да го убијат војникот затоа што е војник, изјави Ле Дријан, додавајќи дека војникот е во стабилна здравствена состојба. Ле Дријан истакна дека Париз ќе продолжи со бескомпромисната борба против тероризмот.

Францускиот војник вчера бил во униформа, вооружен и патролирал низ градот, во рамките на редовна антитерористичка проверка. Тој патролирал со двајца свои колеги и бил нападнат одзади, при што му биле нанесени повреди на вратот.

За среќа иако војникот изгубил многу крв, тој е надвор од животна опасност.

најчитано сега