Новаковски: Мандатите на СДСМ се верификувани согласно Уставот

Собранието на Република Македонија ги верификуваше мандатите на пратениците на СДСМ согласно уставот. Ова го истакна поранешниот претседател на ДИК од редовите на СДСМ, Александар Новаковски, во гостувањето на телевизијата телевизијата 24 Вести.

Новаковски истакна дека верификацијата на мандатите е врз основа на конечниот извештај на Државната изборна комисија. Конечниот извештај на ДИК е доставен до Собрание, го расправале на седница и тој е во точка на дневен ред: - Мандатите се верификувани врз конечен извештај на ДИК. Верификационата комисија во моментот кога предложила да се верификуваат мандатите, предвидено е во законот-доколку има дилема околу одредени мандати, може да бара мислење од ДИК, рече тој.

Новаковски за време на гостувањето во телевизијата зборуваше и за тоа зошто сега не следат оставки.

-Ние имаме системи каде мандатот се враќа до ДИК, кај нас не.   Кај нас се враќа до Собрание. Овој термин “неприфаќање на мандат“ е многу редок термин. Има земји каде не може да се врати мандат. Во нашето законодавство тој термин го нема и строго е предвидено, затоа јас тоа го сметам за преседан, предвидено е дека треба да се даде оставка. Кај нас беше толку строго да оставката мораше и лично на седница да ја даде пратеникот, објасни екс-претседателот на ДИК.

20.05.2014 - 11:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега