ВИДЕО: Да ја покажеме хуманата страна - да се обединиме во хуманоста

Владата на Република Македонија, преку Министерството за култура организира голем хуманитарен концерт од кој сите средства ќе бидат донирани на настраданите од поплавите во Србија и БиХ.

Концертот ќе се одржи на 22-ри мај во „Борис Трајковски“ под мотото „Да се обединиме во хуманоста“. Каролина Гочева, Калиопи, Тамара, Тијана, Нокаут, Некст тајм, ДНК, Гиш, Дани, Миле Кузмановски, Џорлев, Ефто Пупиновски, Виолета Томовска, Сара Мејс, Ѓоко Таневски, кристина Арнаудова, Димитар, Елена и Бени, ќе пеат пред македонската публика за да се соберат пари за настраданите.

Цената на влезниците е само 150 денари. 

20.05.2014 - 12:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега