"Или ќе бидеш со мене или ќе те убијам" - љубовна драма во Куманово

Вистинска љубовна драма се одвивала синоќа во Куманово. 26-годишниот Г.В. ќе си заработи кривична пријава за насилство бидејќи ја нападнал својата поранешна девојка.

Според податоците од полицијата, кумановчанецот се качил на терасата на својата поранешна девојка, ги скршил прозорите и влегол во станот во кој живее, по што се разбеснел и физички ја нападнал присилувајќи ја да остане со него и заканувајќи се дека ќе ја убие ако не ја продолжат врската. 

20.05.2014 - 13:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа