Осомничениот признал дека го убил момчето од Ѓорче Петров

Деветнаесет годишниот Н.Е. од скопско Грчец, кој е осомничен за убиството на 18-годишниот Ангел Петковски, во полициска станица признал дека го извршил убиството.

На денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска потенцираше дека според изјавата на очевидецот учествувале три лица, што се потврдува со снимките од видео надзорот на Европската очна болница.

На убиството му претходел обид за кражба на велосипедот на Ангел од неговиот двор, но осомничениот бил забележан од Ангел кој со неговиот татко тргнале по крадецот. Осомничениот бил уапсен во близина на местото на убиството, а Јанкулоска истакна дека Н.Е. и е претходно оперативно познат на полицијата за дела поврзани од областа на имотните деликти.

20.05.2014 - 15:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега