Македонската Влада испраќа уште 200.000 евра за Србија и БиХ

На денешната седница, владата на Република Македонија ги разгледуваше состојбите со помошта и придонесот на нашата земја кон загрозените региони во Србија и Босна и Херцеговина.

Владата донесе одлука од државниот буџет на Република Македонија да биде испратена дополнителна помош од 100.000 евра за Србија и 100.000 евра за Босна и Херцеговина.

-Владата одлучи дека сите средства кои ќе бидат собрани врз основа на отворените телефонски линии за донација, ќе бидат до денар процесуирани како хуманитарна помош за Босна и Херцеговина и Србија. Државата нема да го задржи ДДВ-то, туку истиот ќе биде пренеманет како хуманитарна помош и ќе биде испратен во загрозените региони по завршување на целокупната акција која трае до 30-ти овој месец, рече Ѓорѓиев.

20.05.2014 - 16:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега