Фатени четворица арамии кои краделе низ Скопје

18-годишниот  С.С. 22-годишниот  М.К. 18-годишниот Б.М. и  17-годишниот С.А. од СКопје се осомничени за три тешки кражби, од кои една во обид. 

Со првата тешка кражба,  на 10 мај 2013, тие противправно стекнале околу 60.000 денари. Кражбата ја извршиле во куќа на И. Н., на  ул. ,,Дамаска“, во која влегле откако насилно отвориле прозорец. Украле  ЛЦД телевизор и два лаптопа, се упатиле кон  Шуто Оризари и ги продале украдените предмети.

 

Втората тешка кражба во вредност од 3.000 денари ја извршиле  на 14 мај. Насилно отвориле прозорец од куќата на С.Д. на бул. „Партизански одреди“ и по пребарувањето си заминале со два пара женски чевли, кои Б.М. ги задржала за себе.

 

Полицијата ги фатила при извршување на третата кражба, на 22 мај, кога на ист начин влегле во куќа на Б.М. на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, меѓу 9 и 11.15 часот. Додека пребарувале по собите, слушнале гласови и движења и сакале да избегаат од отворениот прозорец низ кој влегле. Во моментот кога прескокнувале во дворот, биле забележани од  граѓани кои во близина извршувале градежни активности и кои пријавиле во полиција.