ВМРО-ДПМНЕ апелира: Партиите да не го злоупотребуваат убиството во Ѓорче Петров

ВМРО-ДПМНЕ денеска изрази сочувство до семејството Петковски поради прерано изгубениот син и упати апел до сите на смиреност, разумно и одговорно однесување и упати апел сите политички фактори и политички партии да не ја злоупотребуваат оваа човечка загуба за, како што се наведува, ситни политички пресметки со неистомислениците. 

- Апелираме до младите луѓе кои овие два дена изразуваат незадоволство и до нивните семејства да дозволат државата да постапува согласно на законите. Секоја активност спротивна на законите ниту помага некому, ниту е праведна, туку само може да ја вовлече државата во сериозни предизвици и да креира големи тензии. Ги охрабруваме институциите да продолжат со воведување и заштита на редот, мирот и безбедноста, се вели во соопштението.

21.05.2014 - 14:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега