Иванов ќе одржи предавање на Универзитетот „Федерико Втори“

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Италија ќе го посети Универзитетот „Федерико Втори“ во Неапол.Како што јави известувачот на МИА, при посетата на Универзитетот Иванов ќе одржи предавање на тема „Од Taurisius до Constantinopolis – од Corpus luvris Civilis до меѓународно право“.

Во присуство на ректорот на Универзитетот проф. д-р Масимо Марели, ќе биде потпишан меморандум за разбирање со Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Свети Кирил и Методиј.

Црковната делегација во Рим ја предводи архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во нејзин состав се митрополитот Европски г. Пимен, епископот Хераклејски г. Климент, отец Климент Мишањ, свештеник во Пјаченца, отец Гоце Костов, парох во струмичката католичка црква....

Активностите за одбележување на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ почнаа вчера со прием на македонскиот претседател и државната и црковна делегација кај папата Франциск и средба и со државниот секретар на Светиот престол, монсињор Пјетро Паролин.

22.05.2014 - 09:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега