Во Грција е најлошо да се биде работник - Македонија со оцена „многу добра"

Македонија е добро оценета во почитување на работничките права и е на исто ниво со повеќе земји од регионот, но и со Швајцарија, Шпанија, Русија, Нов Зеланд и со Јапонија. Грција, САД или Хонг Kонг се меѓу местата во светот каде што е најлошо да се биде работник, покажува истражувањето на Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУЦ) и организации што се залагаат за правата на работниците во целиот свет, пренесе Дневник.

- Данска и Уругвај се водечки поради строгите домашни закони за работни односи, но можеби е зачудувачки тоа што држави како Грција, САД или Хонг Kонг многу заостануваат на ова поле. Нивото на развој на една земја се покажа како лош показател за тоа дали се почитуваат основните права на работниците за колективно преговарање, штрајк за пристојни услови или, едноставно, да можат да формираат или да се зачленат во синдикат, вели Шаран Бароу, генералната секретарка на ИТУЦ, пренесува Дневник.

Социјалните партнери, синдикалците и работодавачите, се децидни дека во земјава добро се регулирани правата на работниците, но проблем е практичната примена на законите, односно доследното почитување на работничките права.

- Во регулативата немаме проблеми со заштитата на работничките права. Но, имаме проблем со газдите. Значи проблемот е во остварувањата на правата, односно почитувањето на договореното на дело. Законската заштита не е идеална, но е добро регулирана, имаме утврдена минимална плата, колективни договори. Сите права како годишни одмори, прекувремена работа се пропишани. Но, проблем е што тоа на некои места не се почитува до крај, вели за Дневник Анѓелко Анѓелковски, генерален секретар на Сојузот на синдикати на Макеоднија.

Повеќе на Дневник.

22.05.2014 - 09:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега