Македонецот седум и пол месеци од годината работи за себе

Македонските и кипарските граѓани работат најмалку денови во годината за да ги исплатат давачките кон државата во споредба со своите колеги од другите земји во Европа.  КАко што пренесува Дневник, просечниот македонски работник оваа година го прославил т.н. денот на даночното ослободување на 17 април, односно се до овој датум тој работел за државата, а потоа се` што заработил завршило во неговиот џеб. 

Анализата покажува дека Македонија го зазема второто место во Европа, веднаш зад Kипар според висината на даночното оптоварување на платата. Kипраните работат за финансирање на владата до 21 март, односно 21,86 отсто од нивната годишна бруто-платата оди за државата. Овој просек кај нас е 31,7 отсто, а европскиот е 45,27 отсто. Најголемо даночно оптоварување има во Белгија каде што давачките за плата зафаќаат речиси 60 отсто од заработувачката, односно просечен Белгиец работи дури до 6 август за да ги исплати давачките и придонесите кон државата.

- Точно е дека имаме меѓу најниските давачки за плата и тоа испраќа политичка и економска порака до странските инвеститори за поволноста да се води бизнис во земјава. Но, исто така и македонските работодавци треба да се потсетат дека имаме најниско даночно оптоварување врз плата во регионот и во Европа и дека користат бенефиции со тоа. За нас тоа го олеснува начинот на водење на бизнис во земјава. Меѓутоа, кога би се вклопиле и други параметри за водење бизнис, во тој момент би имале најповолна бизнис-клима во споредба со другите земји во регион и пошироко - вели Миле Бошков од Бизнис-конфедерација на Македонија за Дневник.

Анализата што ја правеше „Дневник“ покажува дека просечен македонски работник годишно заработува 6.087 евра (374.400 денари), од кои за социјални придонеси и персонален данок се одвојуваат 1.931 евра (118.800 денари), а на работникот годишно му останува чиста заработувачка од 4.156 евра (255.600 денари). Пресметката е правена кога од вкупните давачки или бруто-платата на годишно ниво ќе се одземе просечната годишна нето-плата. Претпоставките се дека од 365 дена во годината, околу 120 се неработни (празници и викенди). Kога од просечните 245 работни дена во годината ќе се извади процентот од 31,7 отсто колку што отпаѓа на даноците, излегува дека во Македонија таканаречениот ден на даночното ослободување е 77-от ден во годината.

22.05.2014 - 09:54
Фото: 
либертас
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега