ЖРК Вардар со специјални плакети се збогуваше со четири свои ракометарки

ЖРК Вардар СЦБТ ќе биде ослабен за мечот од последното коло во оцаа сезона против екипата на Кожувчанка откако четири ракометарки се збогуваа со црвено-црниот дрес. 

Од тимот си заминуваат Марина Димитровиќ, Нигина Саидова, Марија Штериова и Марија Лојпур. 

Од тимот изработија посебни плакети преку кои ја изрази благодарноста до нив за уделот кој го имаа во одличната сезона во која ЖРК Вардар СЦБТ ја заокружи со двојна круна во домашниот шампионат, како и историскиот успех, со третото освеоно место во ЛШ. 

Голманката Нигина Саидова, својата богата кариера реши да ја заврши токму во ЖРК Вардар.

22.05.2014 - 14:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега