Хуманоста на дело: Донација од БИМИЛК за настраданите од поплавите во регионот

Компанијата БИМИЛК се вклучи во хуманитарната акција за помош на настраданите од поплавите во подрачјата на Србија и Босна и Херцеговина. Во наредните два дена преку Црвениот крст на Република Македонија, БИМИЛК ќе испрати 19.000 сокови БИФРУТ, односно вкупно 5 тони сок до загрозените подрачја.

По вестите за природната катастрофа која го опфати регионот, БИМИЛК веднаш се  активира во насока на помош на настраданите лица. Следејќи ги насоките и апелите на хуманитарните организации на погодените држави и апелот на Црвениот крст на Република Македонија, помошта во храна е на врвот од најпотребните артикли. Оттука БИМИЛК ги презеде сите активности за реализација на донацијата од прехранбените артикли од својата програма - природните овошни сокови „БИФРУТ“.

БИМИЛК и понатаму ќе ги следи состојбите и развојот на ситуацијата во поплавените региони со цел навремено да одговори на сите апели за хуманитарна помош, кои ќе овозможат што полесно надминување на оваа хуманитарна непогода.

---Млекара АД Битола поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната - ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000. Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на производите. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечната индустрија на Балканот - Danube Foods Group. 

22.05.2014 - 15:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега