„Рана љубов кон книгата: читаме заедно“ - ТТК Банка општествено одговорна

 Со цел поттикнување на добри навики кај најмладата популација, ТТК Банка со задоволство го поддржува проектот именуван како „Рана љубов кон книгата: читаме заедно“. Проектот со хуман и социјален карактер е со основна цел за создавање на еднакви можности за сите граѓани на заедницата без разлика на различностите.

Проектот започна на 21 мај 2014 година во 18.00 часот пред книжарницата Култура на плоштад Македонија со креативно и иновативно дружење со децата со аутизам и екипата на Бекстејџ, Кецковски (претставник на јапонската култура и боречки вештини), анимираниот и омилениот лик на најмладата популација Џеронимо Стилтон и ТТК Банка.

 

Проектот ќе се одржува секоја среда во 18.00 часот и секоја сабота во 11.00 часот сè до 25 јуни 2014 година и во  истиот период ќе се реализираат дружења со деца од различни институции, основни училишта и познати личности, со цел запознавање и почитување на различностите, подигнување на свесноста на институциите и поединците и нивно мотивирање за поголемо внимание и грижа за најмладите. 

22.05.2014 - 15:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега