ФОТО: Како од поплавено село ќе извлечете агресивен бик?

Погледнете како овој член од Хрватската горска служба за спасување се снашол да извлече агресивен бик од едно поплавено село. 

Агресивниот бик во поплавеното село не сакал да влезе во амфибиското возило и потребна била „посебна техника".

А за каква техника станува збор, убаво погледнете ја фотографијата и се ќе ви стане јасно.

Оваа фотографија членовите на Хрватската горска служба за спасување ја објавиле на Твитер и докажале дека и покрај тешката ситуација го задржале хуморот.

22.05.2014 - 17:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега