Иванов на средба со својот италијански колега

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Рим ќе има билатерална средба со неговиот италијански колега Џорџо Наполитано.

По средбата со Наполитано, шефот на македонската држава ќе го посети Италијанското здружение за меѓународни односи, каде ќе одржи предавање на тема „Од Виа Игнација до Виа Европа“, а за денеска е предвидено и потпишување  протокол за соработка помеѓу правните факултети  на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетот „Ла Сапиенца“.

Програмата на манифестацијата продолжува вечер со изведба на балетската претстава „14 часа“. 

23.05.2014 - 09:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега