НСДП се враќа во Собранието - Тито му го врти грбот на Заев?

Лидерот на НСДП, Тито Петковски најверојатно ќе ги врати своите пратненици во Собранието. Тој денеска на прес конференција најави дека неговата партија ќе му предложи на Собранието серија законски измени кои треба да обезбедат како што вели „фер атмосфера за избори“

„Ќе предложиме измена на изборниот законик во насока на демократизација на изборниот процес во Македонија, до забрана за учество на изборите, за партиите што го прекршуваат изборното законодавство и изборниот процес. Во најкус можен рок ќе подготвиме и на Собранието да му се предложи Закон за МРТВ, со прецизно набележани обврски како јавен сервис, за покривање и на активностите на опозицијата“ - рече Тито Петковски на денешната прес конференција.

Петковски најави дека негоата партија ќе подготви закон според кој сите телевизии кои имаат национална концесија ќе бидат обврзани на опозицијата да и дадат бесплатен “рекламен“ блок во траење од 5 минути по секои вести.

„Во тие рамки, особено важно во дневно-информативните емисии да обезбеди простор за преставување на опозиционите програми и задолжителни 5 минути после секои вести, опозицијата да има можност да го каже својот став за владините политики. На пример емисија од агол на опозицијата, организација на дебати на власта и опозицијата.

 

Истото да се побара и од сите ТВ кои имаат национална концесија бидејќи го користат етерот како национално богатство. Кога станува збор за приватните медиуми, да истапиме и со закана, доколку не отстапат ни минимум простор за опозицијата да им се одземат концесиите по промената на власта“ - изјави Петковски.

Покрај ова, петковски најавува измени на Законот за аудиовизуелни услуги, Изборниот законик, Закон за МРТВ и уште многу измени, кои треба да му се предложат на Собранието, институција во која опозицијата не сака да влезе

23.05.2014 - 13:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега