Топлото време погодно за развој на штетници во земјоделството

Затоплувањето на времето ќе овозможи продолжување на земјоделските активности кои беа речиси стопирани поради интензивните врнежи што ја зафатија Македонија. Како што велат агрометеоролозите, производителите ќе можат да влезат во нивите за работа на отворено.

Но, од друга страна, високата влажност во воздухот и високите температури се одличен предуслов за појава, развој и ширење на болести и штетници. За спасување на родот е неопходно навремено третирање со заштитини средства.

- Влага во почвата има доволно што гарантира успешен развој на културите, особено есенските посеви кои во овој период трошат големи количества вода заради фазите класање, цветање и налевање на зрното, клучни фази за стабилен и добар принос, истакнуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

23.05.2014 - 17:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега