ВМРО ДПМНЕ: Со изјавите на одлуката на Уставниот суд СДСМ допринесува Македонија да ја изгуби препораката

ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавта на Петре Шилегов од СДСМ за Одлуката на Уставниот суд оцени дека СДСМ продолжува со својата неодговорна и погубна политика, водена од интересите на неколку луѓе од раководството на партијата.

- Раководството на СДСМ го прави ова политичко сценарио од две причини. Прво, непризнавајќи го поразот, да се задржи на чело на партијата, што веќе и го издејствува, но сега нема лице за чекор назад. Второ, наштетувајќи на државата и на евроатлантските интеграции, придонесуваат Македонија да ја загуби препораката, да создадат лоша клима во Република Македонија и притоа да ја обвинат ВМРО-ДПМНЕ дека е виновна за тоа. Тоа е деструктивно и штетно сценарио за сите граѓани во земјата, од кое партиска корист се надева да има само раководството на СДСМ, се вели во соопштението.

23.05.2014 - 17:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега