СДСМ го честита Денот на сесловенските просветители

Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Зоран Заев, денеска упати честитка до граѓаните по повод 24 мај - Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

 - „Во мое лично име и во името на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, упатувам искрени честитки по повод овој голем ден со желби за понатамошен успех во промоцијата на македонската посебност, традиција и култура. Браќата Кирил и Методиј дадоа огромен цивилизациски придонес не само за македонскиот, туку и за сите словенски народи. Поставувањето на темелите на писменоста на македонскиот и на останатите словенски народи, како основно културно обележје, е само дел од придобивките со кои нè задолжија. Со благородната мисија Кирил и Методиј обединија многу народи. На македонскиот народ, преку писменоста, му овозможија дополнителен влог во промоцијата на сопствената историја, култура и традиција, стои во честитката.

 

24.05.2014 - 11:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега