Државна кардиохирургија од септември ќе започне со работа во новите простории

Најдоцна до почетокот на септември месец, Државната кардиохирургија ќе започне со работа во новите простории во рамки на Клиниката за кардиологија. За ова денеска информираше министерот за здравство Никола Тодоров, кој го посети објектот.

-Ќе има две операциони сали во кои ќе бидат изведувани кардиохируршки интервенции, интензивна нега со 6 кревети, како и соби каде што потоа ќе бидат сместувани пациентите по излегувањето од интензивната нега. Инаку, онака како што е овој центар поставен ќе може да се прават меѓу 150-200 интервенции годишно, во овие простории. За таа цел ние набавуваме и дополнителна медицинска и немедицинска опрема. Тендерите се завршени и за овој сегмент и се во вредност од околу 84 милиони денари, што значи целата инвестиција е околу 2 милиони евра, истакна Тодоров.

25.05.2014 - 13:51
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега