МЕТЕОАЛАРМ: Денеска Македонија во жолта предупредувачка фаза за врнежи и невреме

Метеоалармот на европската Метеоролошка станица предупредува на можни појави на невреме денеска на дел од територијата во Македонија. Посилни врнежи и грмежи се очекуваат во охридско-преспанскиот регион, во Пелагонија и во јужното Повардарие. Во полошкиот регион се очекуваат врнежи од дожд, додека за Скопје и осоговско-малешевскиот крај, нема предупредувања.
Жолтата е првата од трите предупредувачки фази и најавува потенцијално опасно време, кое сепак, не мора да резултирасо поинтензивни метеоролошки феномени иако граѓаните треба да внимаваат.

26.05.2014 - 09:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега