ВОНРЕДНА временска прогноза: Попладне невреме слично на вчерашното

Невреме наликна вчерашното за попладнево најавува Управата за хидрометеорологија. За разлика од вчера кога само Скопје беше зафатено од силни врнежи од дожд и град, од УХМР велат дека за денеска се очекуваат силни поројни дождови, грмежи, силен ветар низ целата територија на Македонија, а на одредени места се очекува да има и невреме проследено со град. 

Слична состојба најавува и Метеоалармот на Европската хидрометеоролошка станица, кој голем дел од Македонија стави во жолта предупредувачка фаза.

Вчера во Скопје за брзо време наврнаа 37 литри дожд на квадратен метар, а дуваше ветар со брзина од 70 километри на час. 

26.05.2014 - 10:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега