Дневник: СДСМ ќе ја убедува Македонија дека Грција е во право

СДСМ ќе ја убедува Македонија дека Венизелос е во право кога вели дека Грција не е прболемот на Македонија, туку проблемите се во слабите демократски капацитети на државата, пишува Дневник во својата анализа. 

„Она на што можеби најмногу се надеваат социјалдемократите е политичкиот дијалог во државата да го свртат кон себе и да го реализираат тоа што го најави Заев на самиот ден на изборите – политичка криза решена по пат на техничка влада и целосно нови избори. Kалкулациите во партијата се дека до ова може да се дојде во содејство со странските земји што ја поддржуваат Грција во спорот за името, а кои би се заканиле дека Македонија ќе ја изгуби препораката за членство во ЕУ поради наводно неисполнување на критериумите, стратегија што СДСМ веќе неколку години се обидува да ја одработи. Се смета дека на ова ќе му погодува и самитот на НАТО во септември. Услов е во наредниот период да се подгрева атмосферата во Скопје во врска со ова и индиректно да се убеди јавноста дека грчкиот министер Венизелос е во право кога вели дека Грција не е проблем за „Скопја“. Новите избори, сметаат одредени социјалдемократи, би биле со поповолен резултат за СДСМ“ - пишува Дневник

Весникот анализира дека опозицијата останува без голем простор за маневри, особено по одулката на Упраниот суд да ја отфрли нивната тужба за „насилна верификација на мандатите“.

26.05.2014 - 11:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега