Секоја чест: Има шест ипол години а го освои Титов врв! (ФОТО)

Ване Бошев од Неготино го освои Титов врв на само шест годишна возраст. Дневник објави дека тој беше најмладиот планинар од вкупно 810 планинари од земјава и странство кои беа дел од традиционалното искачување на највисокиот врв на Шапка.

- Ова ми е највисокиот врв кој сум го освоил досега а имам освоено многу други врвови. Пешачев цели девет часа, на моменти ми беше тешко но издржав. Најтешко беше околу врвот каде што имаше снег. Таму на качување и на спуштање беше многу лизгаво оти снегот беше влажен и тоа ми беше малку тешко бидејќи паднав два три пати, ама не се исплашив и не се повредив. Таму горе имаше и многу јак ветер и магла ама јас издржав оти бев среќен поради тоа што искачив уште еден врв, изјави за весникот скромното детенце.

Повеќе на Дневник.

26.05.2014 - 12:35
Фото: 
Дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега