Собранието бара нови лустратори

Македонкото Собрание на денешната, трета седница донесе одлука дека во овој мандат, покрај Претседателот, со Законодавниот дом ќе раководат и тројца потпретседатели. Покрај оваа одлука, Собрнаието распиша и оглас за избор на нови 11 членови на Комисијата за верификација на фактите, откако последниот избор пропадна по распишувањето на предвремените парламентарни избори. 

Пратениците ги усвоија и предлог-одлуките за основање постојани работни тела на Собранието, за основање делегации, пратенички групи и други облици на остварување на меѓународната соработка на Собранието на Република Македонија и за објавување оглас за избор на членови на Комисијата за верификација на фактите.

Во новиот пратенички состав коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник, ДУИ 19, ДПА 7, ГРОМ 1 и НДП 1.  СДСМ освои 34 пратенички места, но одлучи да не учествува во работата на Собранието.

26.05.2014 - 12:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега