ЕВН: Отстранети се сите дефекти од синоќешното невреме

Од ЕВН Македонија информираат дека се отстранети сите дефекти кои настанале во електродистрибутивната мрежа по големото невреме кое ја зафати Македонија. За ова информираше потпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски.

- Ако обично испраќаме по три екипи на ЕВН, ноќеска беа шест. Ако граѓаните имаат проблем нека се јават на телефоните, што ги објави Градот СКопје, вели тој.

Сега повторно е приклучена трафостаницата на МРТ која беше превентивно исклучена. Отстранети се и дефектите на улицата Македонија, како и помалите дефекти на Кисела Вода, Карпош и Ново Лисиче.

 

26.05.2014 - 13:14
Фото: 
скопјеинфо
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега