Големо невреме во Делчево - падна град со големина на лешник

Попладнево Делчево и околината ги зафати невреме, што предизвика прекин на расадувањето на тутунот и на  садењето на компирот, гравот, пченката и другите градинарски култури.

Пороен дожд и  град во големина на лешник ги погоди атарите на селата Вирче, Нов Истевник, Стар Истевник, Тработивиште и Разловци.

Првичните сознанија говорат за штети на градинарските култури, овошните насади , луцериштата, ливадите и на патиштата.

Пораснат е водостојат на реките Брегалница, Желевица и нивните притоки Даштица, Габровчица, Куровица, Виречка и Градска река,  но  до сега нема излевање од нивните корита.

Забележани се одрони од карпи и свлечишта од кал на  коловозот на патот Кочани - Берово, на делниците помеѓу Македонска Каменица и Делчево и помеѓу Делчево и Пехчево. Сообраќајот се одвива во отежнати услови. 

26.05.2014 - 13:35
Фото: 
плусинфо
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа