Канческа-Милевска: Граѓаните ја покажаа хуманоста на дело- продадени се околу 11.000 карти за хуманитарениот концерт

Владата на Република Македонија превзема на голем број активности со кои помогна на Србија и БиХ во справувањето со поплавите. Исто така и граѓаните превземаа низа иницијативни дејности и со тоа навистина ја покажаа хуманоста на дело.

Ова го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска пред почетокот на големиот хуманитарен концерт за помош на Србија и БиХ, чие што мото е "Да се обединиме во хуманоста".

Таа упати благодарност до сите граѓани на Република Македонија, коишто во овие тешки моменти за нашите соседи, дадоа, како што рече, барем еден мал придонес преку сите иницијативи и активности.

-Ние како Министерство за култура со сите театри низ Република Македонија активно со голем број на претстави исто така дадовме придонес во оваа насока, и со организирањето на овој хуманитарен концерерт, повторно граѓаните со присуството на овој концерт и собирајќи ги сите овие средства од продажбата на картите, а исто така и од телефонските линии коишто се отворени од сите наши оператори, мислам дека ќе дадеме уште еден скромен придонес и овие средства кои што ќе бидат собрани ќе бидат насочени кон Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, посочи Канческа-Милевска.

Таа нагалси дека Македонија ја покажа хуманоста на дело и дека во овие тешки моменти треба да си подадеме рака едни на други.

-Природната непогода не бира ни место ни време и затоа вела дека во овие тешки моменти треба да си помогнеме меѓу себе и сите граѓани тоа го покажаа на дело преку Црвениот крст на Република Македонина и преку сите организрани акции, доаде таа.

Во хуманитарната помош, нагласи Канческа-Милесвка, се вклучени сите државни институции, Владата преку Координативното тело активно, нагласи,  ги кординира сите кативности заедно со Црвениот крст. Како и Министерството за култура заедно со Националните институции, кое како што нагалси таа, даде еден искрен придонес за справувањето со овие елементарни непогоди кои го зафатија регионов.

Нагласи, дека се продадени околу 11.000 влезници за Хуманитарниот концерт, а заедно со донираните средства преку телефонските линии, нагласи,  јавноста ќе биде информирана колку средства се собрани, и истите ќе бидат испратени за нашите соседи.

 

Канческа Милевска истакна и дека ДДВ-то од донациите собрани досега, исто така, ќе бидат пренаменети како донација за поплавените региони.

26.05.2014 - 20:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега