Шампионот на Австралија елиминиран на Ролан Гарос

На Грен слем турнирот во Париз (Ролан Гарос) синоќа се случи и првото големо изненадување во стартното коло. Шампионот на Австралија Опен, Стан Вавринка (Швајцарија) е елиминиран од Шпанецот Гиљермо Гарсија-Лопез со 3:1 (6-4; 5-7;6-2 и 6-0) во сетови.

Елиминацијата на Вавринка е големо изненадување, но огромниот број направени неизнудени грешки го решија победникот во мечот.

Другите фаворити немаа проблеми, па така во второто коло пласман обезбедија и двајцата најдобри играчи Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. И кај дамите фаворитките Марија Шарапова и Петра Квитова се пласираа во следната рунда.

На терените на Ролан Гарос денеска ќе се комплетираат мечевите од првото коло во двете конкуренции.

27.05.2014 - 09:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега