Димитриев: Членството во НАТО останува врвен државен приоритет

 

Република Македонија по се она што го има направено на патот за полноправно членство во НАТО има легитимно право да очекува покана на секој Самит, но не само на Самит туку поканата може да дојде и од состанок на ниво на амбасадори, нагласи денеска заменик министерот за одбрана Емил Димитриев по барање на новинарите да ги коментира последните пораки од генералниот секретар на Алијансата Андерс фог Расмусен за време на последната посета на Република Македонија.

- Таа позиција е сосема легитимна и оправдана од наша страна и тоа се нашите очекувања. Што ќе донесе Самитот во Велика Британија ние не можеме однапред да прејудицираме, тоа не зависи од нас. Меѓутоа ние и натаму остануваме цврсто посветени на нашето зачленување во НАТО и по ниеден основ не праќаме сигнали дека овој  наш врвен државен приоритет е доведен во знак прашање, изјави Димитриев по отворањето на обуката „Справување со современи безбедносни предизвици преку почитување на Меѓународното хуманитарно право:НАТО операциите предводени да се спротистават на хибридни и сајбер закани“.

27.05.2014 - 10:52
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега