Починал на лице место - млад Македонец со автомобилот падна во бездна

Уште една трагедија ја потресе Македонија. Синоќа во страотна сообраќајна несреќа што се случила во близина на селото Дурај, кај Качаник, животот го загубил 28-годишниот Македонец Б.З.

Според податоците од полицијата, момчето се движело со неприлагодена брзина, поради што возачот на БМВ-то ја изгубил контролата, по што возилото излетало од патот и паднало во бездна. Во сообраќајката со повреди се здобиле уште две лица кои биле во возилото.

Возачот се здобил  со тешки повреди и починал на самото место. 

Истражен судија наредил обдукција на телото на починатиот.

27.05.2014 - 10:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега