Македонки заминале на печалба - преживеале вистински хорор

Шест Македонски преживеале вистински хорор откако отишле да работат и да бараат подобар живот и иднина во Холандија. Според податоците на Дневник, девојките во 2012 година на Интернет нашле оглас за работа во Холандија, па преку претставничка на фирмата во земјава заминале на печалба, но иако мислеле дека ги чека посветла иднина, преживеале вистински хорор.

Македонките биле затворани во бараки, пасошите им биле одземени, а не им биле исплаќани плати како што било предвидено со договорот кој го потпишале пред да отпатуваат. Македонките што одлучиле да сведочат против газдата како жртви на трговија со луѓе останале во Холандија згрижени во шелтер-центар, а останатите биле вратени во Македонија. За жал, девојките биле понижувани и повредувани.

Експертите предупредуваат дека во јавноста треба да се актуелизира проблемот на трудова експлоатација за да можат граѓаните да препознаат и да се заштитат од лажните понуди за работа.

27.05.2014 - 14:01
Фото: 
региони
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега