Се судрија два воза во Мисури - 7 лица се повредени

Седум лица се повредени и копнен надвозник беше урнат вчера во американската сојузна држава Мисури, откако се судрија два воза.

Несреќата се случила на околу 190 километри југоисточно од Сент Луис кога едниот воз се удрил странично во другиот и излетал од шините. Исфрлениот воз се удрил во потпорниот столб на надвозникот, предизвикувајќи пожар од дизел гориво.

Во моментот на сударот двете композиции минувале под надвозникот. Пожарот бил брзо изгаснат, а на местото на настанот беа испратени тимови за итна интервенција.