Штип: Возел без возачка - двајца во болница со тешки повреди

Двајца тешко повредени е билансот од сообраќајната несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Штип - Радовиш во близина на клучката за село Љуботен. Се судриле автомобил марка „рено“ и камион „фиат дукато“. Двајцата возачи се здобиле со скршеници и се хоспитализирани на одделението за ортопедија. 37 годишниот штипјанец Н.К., кој го управувал реното, немал положено возачки испит.
Во просек на подрачјето на СВР - Штип годишно без возачка се регистрираат и над илјада случаи.

27.05.2014 - 20:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега