Е тоа е деколте: Нема да ви се верува со колку пари во градникот ја фатиле на аеродромот во Скопје

Царина откри 23.000 швајцарски франци, при преглед на македонска државјанка на скопскиот аеродром Александар Велики, која допатувала со лет од Цирих.

Патничката пријавила дека со себе носи 1.000 франци, но при личниот претрес, под нејзината облека, врзани за градникот, пронајдени се женски чорапи со вкупно 23.000 швајцарски франци.

Согласно законот за девизно работење, на патничката ѝ биле вратени 12.000 франци- противвредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата.

27.05.2014 - 22:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега