Викендов нови вработувања во „Кромберг и Шуберт“ во Битола

Во фабриката за автомобилски кабли „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона Жабени, во Битола, викендов се вработени нови 80 работници, пренесе Курир.

Тие со работа ќе почнат утре, со што вкупниот број вработени во оваа германска фабрика ќе достигне 580 лица.

Фабриката „Кромберг и Шуберт“ минатата година беше најзначајната странска инвестиција во Битола.
ФОТО: Денешен

 

најчитано сега