МЗТ ја доби првата битка со Работнички во финалето

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром го доби Работнички, во првиот натпревар од финалето на кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Првата средбата на големите ривали одиграна вечерва во СЦ „Борис Трајковски’’ им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со 96:79, по четвртини 21:25, 28:16, 23:15 и 24:23, со што поведоа со 1:0 во победи во серијата подобар до три триумфи.

Двата тима имаа свој приди на добра игра во првото полувреме.

Работички започна одлично и по 5 минути игра имаше 8 поени предност (5:13). Шампионот возврати со серија од 10:0. Но,крајот на првиот период им припадна на гостите со 21:25.

Во 15 минута Работнички по втор пат дојде до 8 поени предност (31:39), која не успеа да ја одржи.

До крај на полувреме МЗТ Скопје возврати со серија од 18:2, па на одмор замина со предност од +8 (49:41).

Во ист ритам продолжи шампионот и во вториот дел, па во 28 минути МЗТ Скопје имаше и 19 поени предност (70:51).

До крајот на средбата,односно во последниот период аеродромци ритинирано ја одржуваа и сочува предноста, па на крајот да слават со конечни 96:79.

За победничката екипа Дамјан Стојановски и Стефан Синовец постигнаа по 19, а Тодор Гечевски придодаде 16 поени.

Во поразениот тим Дарко Соколов со 19 поени беше најпрецизен, а Марко Симоновски постигна 16.

Следниот натпревар на програмата е во четврток, а и тој како и сите останати во финалната серија ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски’’. 

28.05.2014 - 09:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега