Гостивар: Отишол на излет - си пукал во колено

Триесет и едногодишен жител на гостиварското село Сенокосе бил пренесен во болница со рана на потколеница која ја здобил од куршум.

Според првичните информации на СВР Тетово најверојатно станува збор за самоповредување.

Од СВР Тетово посочуваат дека С.Ј. со уште неколкумина другари, заминале во близина на селото Неготино-Полошко за да се разонодуваат. Во еден момент С.Ј. извадил пиштол, сопственост на неговиот татко и се обидел да стрела кон шише кое го поставиле како мета. Еден од испуканите куршуми завршил во левата потколеница. Повредениот бил пренесен во гостиварската општа болница, а потоа испратен во Клиничката болница Тетово.

Екипа на СВР Тетово извршила увид на местото и работи на расветлување на околностите кои довеле до ранувањето

28.05.2014 - 11:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега