Четири дилери зад решетки - продолжува акцијата „Мрежа"

Министерството за внатрешни работи во рамки на акцијата „Мрежа“ во два случаи заплени одредена количина дрога наменета за улична продажба и уапси четири лица.

Запленети се 168,84 грама марихуана, 1,14 грама амфетамин и две „џоинг“ цигари, а поднесена е и кривична пријава против 26-годишниот П.С. 24-годишниот Т.Д. 23-годишниот П.А. и 34-годишниот Р.К. поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Завчера, кај П.С. пронајдени се 20.900 денари од продажба на марихуана која ја купил Т.Д. заради препродажба. По извршениот претрес во неговиот дом пронајдени се уште две помали пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од непозната растителна материја. По извршеното вештачење утврдено е дека се работи за марихуана со нето маса од 61,7 грама.

Претходно, на 14 овој месец, Т.Д. извршил продажба на марихуана по цена од 6.000 денари на П.А. кај кого е пронајдена и одземена дрога, а во неговиот дом пронајдени се три најлонски пакувања и едно хартиено пакување со непозната прашкаста материја скриени во кутија од цигари „родео“. При извршеното вештачење утврдено е дека се работи за наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 94,84 грама и 1,14 грама амфетамин.

Во врска со овој случај извршен е претрес и кај Р.К. пријателка на Т.Д. кај која тој криел дел од наркотичната дрога која била наменета за улична продажба, при што пронајдени се три зипер пакувања со марихуана во количина од околу 12,03 грама и две џоинт цигари.

28.05.2014 - 13:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега