Алфите уапсија криминалец со богато досие

Полициските Алфи уапсија криминалец со богато досие. Како што дознава Курир, акцијата се одвивала пред два дена на улицата „50-та Дивизија“ откако граѓанин пријавил дека препознал лице кое има сторено измама. Набрзо потоа, Алфите го привеле скопјанецот кој се сомничи за пет кривични дела: затајување, злосторничко здружување, даночно затајување, измама и фалсификување на исправа.

Се работи за Ѓ.И. од Скопје по кого се трагало долго време.

28.05.2014 - 14:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега