Оставки од градоначлничките функции на Заев и Жерновски

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски одлучија да не ги признаат резултатите од предвремените парламентарни избори и опозициските пратеници да поднесат оставки, а само една година претходно Заев и Жерновски седнаа во градоначалнички фотелји за избори кои за разлика од сега, ги сметаа за легитимни, а беа одржани во идентични услови како и парламентарните.  

Според Заев и Жерновски, изборите во 2013 година кога тие добија градоначалнички мандат биле легитимни, а изборот на граѓаните бил согласно нивната волја. За разлика од тогаш, Заев и Жерновски само една година подоцна одлучуваат да не ги признаат резултатите од вонредните парламентарни избори.

После ова, разочараното членство го поставува прашањето дали Заев и Жерновски ќе си поднесат оставки од нивните градоначалнички фунци, имајќи во предвид дека во Македонија, како што самите сметаат, нема услови за фер и демократски избори, па согласно тоа и тие го добиле мандатот на нелигитимни избори.

Ваквите двојни аршини според познавачите е сериозен удар врз принципите кои се промовираат од демократски политчки субјекти. Лидерот на најголемата опозициска партија, неодамна самиот изјави дека не ја ужива довербата на мнозинството граѓани оценува дека само ако доколку сам ги органзиирал изборите, би изгубил со помала разлика.

-Четиристотини илјади на 420-430 за Груевски и владејачката партија. Тоа е вистинскиот резултат, тоа го кажувам многу често, не победа, заради тоа што имаме свои слабости, рече Заев одговарајќи на прашање „Да беше се фер и коректно на изборите, кој резултат ќе го изборевте?“

Воедно, Заев и Жерновски седат на градоначалничка фотелја после минатогодишните избори, при иста Влада на централно ниво. На градоначалниците на Струмица и Центар не им паѓа на памет да излезат и отстапат од фунцијата која ја стекнале при идентични услови.

Лидерот на социјалдемократите и самата партија очигледно се свесни за тешкиот удар кој и го нанесуваат на Македонија и нејзините позиции на меѓународен план, Бојкотот дава повод за повлекување на препораката за почеток на преговори со ЕУ и воедно им завршуваат работа на оние кои не и мислат добро на земјава и веќе години наназад бараат алиби и аргументи за блокада на земјава, барања кои нашиот јужен сосед ги добива со одлуката на опозицијата.

28.05.2014 - 16:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега