Почина првиот човек на Манчестер Јунајтед

Газдата на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед, Американецот Малком Глејзер починал вечерва на 85-годишна возраст.

Глејзер е сопственик на Манчестер јунајтед од 2005 година и оттогаш освои пет шампионски титули во Премиерлигата, еден трофеј во ЛШ, но воопшто не беше популарен кај навивачите на англискиот великан.

„Со тага можеме да соопштиме дека сопственикот Малколм Глејзер утринава почина на 85 годишна возраст" - стои во соопштението на НФЛ тимот Тампа Беј чиј сопственик исто така е Глејзер.

Глејзер со Тампа Беј Буканерс стана шампион во 2003 година. Глејзер има шест деца, кои ќе го преземат раководењето на клубовите и 14 внуци.

 

 

28.05.2014 - 22:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега