До крајот на годината пак одиме на избори

Деншниот чекор на опозицијата ја стави Македонија во ситуација во каква што не била до сега. Оставки на пратеници имало и порано, но не на 34 и не одеднаш. Доколку сите останати кандидати на листите на СДСМ ги послушаат партиските директиви и останат на политиката на бојкот, бројките велат дека повече од една четвртина од пратеничките столчиња ќе останат празни.
Што предвидуваат законските процедури
„Во првата изборна единица СДСМ освои 7 мандати. Сите 7 пратеници денеска си поднесоа оставки. За три дена на пленарна седница, Собранието треба да ги констатира овие оставки и да ја извести Државната изборна комисија. Потоа, ДИК мандатите ќе им ги понуди на пратениците кои се наоѓаат од осмото до 14тото место на листата на СДСМ.  Тие имаат рок од 8 дена да се изјаснат дали ги прифаќаат мандатите. Доколку не ги прифатат, постапкат се повторува додека не се дојде до последниот, односно дваесеттиот кандидат. Кога листата ќе се исцрпи, ДИК го известува Собранието дека нема веќе кандидати за овие мандати. Потоа, Претседателот на Собранието распишува дополнителни избори, за онолку пратеници колку што недостигаат од првата изборна диница“ - обаснува потпретседателот на ДИК, Субхи Јакупи.
Во ваква ситуација, во првата изборна единица, процесот нма да трае повеќе од еден месец и избори би можеле да се распишат уште пред крајот на летото.
Но аналитичарите коментираат дека опозицијата ќе го чека Извештајот на Европсата Комисија за да може да ја обвини власта при евентуално губење на препораката за старт на преговорите. Според нив, во таква ситуација СДСМ ќе ја искоисти шестата изборна единица каде освои само еден пратеник. Токму во тетовскио зборен регон, СДСМ има шанси да тактизира, бидејќи ДИК ќе треба, еден по еден да ги повикува сите канидати додека не ја исцрпи листата. Ако секој од нив го искористи максимумот од 8 дена, птоаш математиката вели дека опозицијата има на располагање повеќе од 5 мсееци.
Оттука, како датум на кој би можело да се организираат дополнителни избори за пополнување на Собранието излегува крајот на годината, односно ноември или декември.

 

 

29.05.2014 - 00:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа