Топузова Каревска: Власта не ми понуди ништо

Со никој од владејачкото мнозинство не сум преговарала, ниту пак планирам да преговарам. Како што веќе кажав јас останувам во опозиција и ќе ги застапувам позициите кои на јавноста веќе и' се познати. - вака пратеничката на ЛДП, Роза Топузовска Каревска, засега единствениот опозиционер кој реши да остане во Собранието одговара на прашањето, дали добила некакви понуди од власта поставено од Утрински весник.
Во интервју за весникот таа вели дека останува на ставот дека пратеницитесе избрани за да работат во Собранието.

„Јас во овој момент не гледам јасна стратегија за тоа што ќе се постигне со поднесувањето на оставките до Собранието од страна на пратениците од опозицискиот блок. Не сум убедена дека дејствувањето надвор од институциите на системот ќе биде соодветен одговор во борбата за демократија наспроти режимот што го спроведува оваа власт. Мислам дека местото на народните избраници е во Собранието, каде што треба да ги застапуваат интересите на граѓаните кои ги избрале. Истото го мислев и во 2011 година кога поголемиот дел од опозициските пратеници предводени од СДСМ решија да го бојкотираат парламентот, а ЛДП, која во тој период беше опозициска партија, но настапуваше самостојно, одлучи да остане во собраниските клупи.“ - вели Каревска за Утрински 

29.05.2014 - 00:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега